Кои сме ние?
Кожата е еден вид бојно поле – место каде што се судираат умот и срцето, а сите психолошки предизвици и физички здравствени состојби оставаат своја трага. За среќа, постојат начини и место за тие траги да се минимизираат, па и сосема да се отстранат. Методите microneedling и microblading се тренд во светот во последниве години, но нивниот ефект повеќекратно се зголемува и доаѓа до израз во комбинација со револуционерните Phi третмани, кои се достапни во нашиот центар за убавина Perfect Line.
PhiBright, PhiIon, Dermaplaning, PhiLeren, PhiLings, PhiLips, PhiBrows, ShadowBrows, PhiShading и HairGrowth се само дел од неверојатните техники кои ги применуваме, а кои се развиени и се изведуваат со сертификат од најголемата академија за микронидлинг и трајна шминка на планетава – PhiAcademy.
Во суштината на сите Phi третмани е златната пропорција, позната и како златен број или божествена пропорција. Тоа е сооднос меѓу 2 броја, кој е приближно еднаков на 1,618. Златната пропорција е присутна насекаде низ природата, па и на човековото лице и тело. Во Perfect Line, покрај сите козметички услуги кои ги нудиме, специјализирани сме за современа нега на кожа, каде што ја користиме неверојатната моќ на Phi методите во комбинација со микронидлинг, и за трајна шминка, каде што Phi се комбинира со микроблејдинг.
Нивната глобална популарност се должи на краткиот период на заздравување, минималната неудобност, наспроти долготрајноста на резултатите.Квалитетот на услугата и врвните резултати се наш приоритет. Најсреќни сме кога гледаме задоволство на лицата на клиентите откако ќе ги видат резултатите од третманите. Тоа задоволство е последната состојка во рецептот за Phi убавина.
Во суштината на сите Phi третмани е златната пропорција, позната и како златен број или божествена пропорција. Тоа е сооднос меѓу 2 броја, кој е приближно еднаков на 1,618. Златната пропорција е присутна насекаде низ природата, па и на човековото лице и тело. Во Perfect Line, покрај сите козметички услуги кои ги нудиме, специјализирани сме за современа нега на кожа, каде што ја користиме неверојатната моќ на Phi методите во комбинација со микронидлинг, и за трајна шминка, каде што Phi се комбинира со микроблејдинг.
Нивната глобална популарност се должи на краткиот период на заздравување, минималната неудобност, наспроти долготрајноста на резултатите.Квалитетот на услугата и врвните резултати се наш приоритет. Најсреќни сме кога гледаме задоволство на лицата на клиентите откако ќе ги видат резултатите од третманите. Тоа задоволство е последната состојка во рецептот за Phi убавина.
Phi-третмани
ефект на естетска хирургија без нож
Заедничко за сите Phi третмани е што се минимално-инвазивни процедури. Со минимална непријатност, без болка, стигнувате до врвни и трајни резултати кои се споредуваат со ефектите од естетска хирургија. Неверојатната прецизност во подготовката на серумите и во самата изведба со должи на специјален софтвер – апликација, којаМеѓу најпопуларните и најбараните третмани се PhiBright, PhiIon, Dermaplaning, PhiLeren, PhiLings, PhiLips, PhiBrows, ShadowBrows, PhiShading и HairGrowth.
Микронидлинг
Се користи за отстранување на брчки, дамки, лузни од акни и акни. Функционира користејќи ја способноста на кожата да создава колаген – со минијатурни стерилизирани иглички на кожата се прават микро-повреди, а во процесот на нивното заздравување кожата засилено излачува колаген и се самообновува. Во тој процес се намалуваат брчките, се отстрануваат лузните и дамките и се подобрува еластичноста на кожата. Секој од Phi третманите има своја улога, која во комбинација со микронидлингот дава неверојатни резултати.
PhiIon
Третманот со јонска плазма или фибрибласт е третман за затегнување на кожата кој користи специјално плазма-пенкало за да испорача енергија, што предизвикува реакција на затегнување на кожата. Се користи за измазнување на брчките и фините линии, за отстранување на вишокот (висната и опуштена) кожа. Идеален е за подигање на очните капаци, елиминирање на подбрадокот, како и за третирање на вратот. Ефектите се споредуваат со ефектите од естетска хирургија, а траат и до една година.
PhiBright
Се користи за отстранување лузни, пигментација, брчки, но и воопшто за општи лифтинг на кожата, подобрување на нејзината структура и враќање на нејзината еластичност. PhiBright сетот се состои од 15 различни серуми, креирани за да одговорат на потребите на секој тип кожа и за решавање најразлични кожни состојби. Точната комбинација и количество серум што се применуваат во конкретен третман се одредува софтверски - клучните параметри за вашата кожа ги внесуваме во апликација, а таа го одредува најдобриот пат до помлада, поздрава, поблескава кожа.
HairGrowth
Овој третман во комбинација со микронидлинг ги буди заспаните фоликули, поттикнува создавање на нови фоликули и стимулира повторен раст на влакното. Истовремено, ги потхранува и зајакнува постоечките влакна. Тоа е идеално решение за лица со слаба и проретчена коса, алопеција или ќелавост – состојби кои може да се надминат и без пресадување коса.
PhiBrows – 7 чекори до идеални веѓи
- 1. Консултација односно анализа на природните веѓи и состојбата на кожата;
- 2. Цртање и мерење симетрија;
- 3. Обележување на spine line односно определување на сојот на природните влакна со исцртаните;
- 4. Определување на бојата и миксање за да се добие природната нијанса;
- 5. Исцртување;
- 6. Посттретманска грижа до потполно природни веѓи;
- 7. Корекција, односно надополнување на одредени влакненца.
Микроблејдинг, PhiBrows и PhiLips
Микроблејдинг претставува техника за трајна шминка, при што со специјален алат со фини микро-игли се прават ситни убоди на површинскиот слој на кожата и во него се инсертира пигмент. Тоа е основата на повеќе Phi техники за трајна шминка, како што се PhiBrow, PhiShading, ShadowBrows и PhiLips.При изработка на Phi веѓи, се следи природниот раст на влакното на веѓите, со апсолутен фокус на прецизноста. Резултатот се фино исцртани влакненца кои личат на природните. Со PhiLips се постигнува трајна шминка усните, при што може и да се коригира каква било диспропорција или асиметрија.
Други услуги
Депилација
Третмани на лице
Лифтинг на лице
Мезопорација
Контур на стомак, задник и нозе
Антицелулитни третмани
Маникир
Педикир
Пред и потоа
Најчесто поставувани прашања
- Дали можам да се подложам на phi третман по третман со ботокс и/или хијалуронски филери?
Одговор: Може, но важно е да бидете искрени и да ни кажете точно пред колку време се реализирани претходните третмани со цел да ви овозможиме најдобри резултати од вашиот Phi третман. Секој од овие третмани функционира на различен начин и има различен посттретмански период кој е неопходно да помине за да се постигнат конечните резултати. Во најголемиот број случаи, потребно е да поминат 2-3 недели по аплицирањето на ботокс или хијалурон за да може да се прави phi третман.
- Дали при микронидлинг се чувствува болка?
Одговор: Пред почетокот на третманот, се нанесува крем со дејство на локален анестетик. При самиот третман ќе почувствувате минимална неудобност во вид на пецкање или грепкање, кое ќе биде поинтензивно на деловите каде што кожата е потенка, како што се подочниците. Резултатите, видливи уште по првиот третман, како и нивната трајност, се неспоредливи со оваа минимална неудобност.
- Дали PhiIon остава лузни и дали има несакани ефекти?
Одговор: PhiIon ја собира кожата и го стимулира создавањето на нов колаген. Третманот е целосно безбеден и не остава лузни. По третманот може да се појави црвенило кај некои типови кожа, кое за кратко време поминува. Може да се применува кај секој тип кожа, доколку нема одредени кожни состојби. Самиот третман не е болен, иако е можна појава на непријатност. За да се ублажи непријатното чувство, пред почетокот се нанесуваат соодветни средства.
- Дали во лето, кога е многу жешко и повеќе се потам, можам да се подложам на Phi третман, односно дали потењето може да влијае на периодот на заздравување?
Одговор: Phi третаманите може да се прават во секоја сезона. По секој третман од нас добивате серум за нега во првите неколку денови и инструкции што треба да правите. Сè додека се придржувате до нашите совети, нема да има никаков проблем.
- Дали по Phi третманите има ограничувања во поглед на вообичаените активности?
Одговор: Со цел да добиете максимум од вашиот третман, потребно е да се придружувате до неколку едноставни совети во поглед на активностите во посттретманскиот период. Во првите пет дена не треба да посетувате јавни објекти како што се базени, теретани, фитнес-сали, сауни, спа-центри и други места каде што може да се изложите на инфекции. Исто така, во овие денови паузирајте со физичките активности дури и дома, бидејќи и потењето може да биде причина за инфекција. Не користете агресивна козметика, всушност во овој период користете ги само препаратите што ги добивате од нас. Дополнително, препорачуваме да не се изложувате ниту на директни сончеви зраци, со цел да спречите иритација. Во секој случај, немате простор за грижа, од нас ќе добиете прецизни совети што да правите и што да не правите додека одите по патот кон вашата Phi убавина